Утре во Припор ќе има прекин на водоснабдувањето

Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека на ден 08.11.2019 година (петок) ќе има прекин на водоснабдување во населеното место Припор 1 во период од 08:00 до 17:00 часот.

Прекинот ќе биде поради замена на два затварачи Ø-150 во резервоар Припор 1, чистење и дезинфекција на коморите на резерварот Припор 1 и поради замена на вентил од 2 ʺ на потисен цевковод од пумпена станица Припор до резервоар Припор 1.