Утре во Орман ќе се одржи трка со мото-крос

Општина Ѓорче Петров повторно ја адаптираше за употреба патеката за мото-крос во Орман. Истата е подготвена за трки по највисоки и модерни стандарди, со широчина од шест и должина од 1.500 метри.

– Првпат после три години, во недела во Орман ќе се одржи и трка со мото-крос во организација на мото-клубот “Вардар”. Општината останува на страната на спортот и спортските клубови. Продолжуваме силно да се залагаме за помош и заживување на спортските активности и настани во нашето Ѓорче! – велат од општина Ѓорче Петров.