Утре во 22:22 часот Сонцето ќе се замрачи, Месечината ќе стане крвава

Месечината во петок ќе стане „крваво црвена”, поради што теоретичари на заговор веруваат дека на нашата планета конечно (по којзнае кој пат) и дошол крајот.

Прилично активниот „Јутјуб проповедник“ Пол Бигли вели дека „темно-црвената сенка на Месецот е можеби знак за второто доаѓање”.

-Знаете, Бог ми се обрати неодамна и ми рече дека морам да посветам внимание на „крвавиот Месец“. Ми кажа и дека треба да откријам што всушност се случува и јас открив дека тоа ќе биде најдолигата крвав Месечина во последните 100 години. Јас осознав и дека тоа ќе се случува над Ерусалим, што е неверојатно, истакнува „пророкот“.

Тој потоа се повикува и на Библијата, потсетувајќи дека и древниот израелски пророк Јоил запишал дека „Сонцето ќе се затемни, а Месечината ќе се претвори во крв пред големиот ден кога Господ ќе дојде”.

Ова, сепак, не е првпат крвавиот Месец да се поврзува со „Судниот ден” и пропаста на светот. За среќа, овие векови наназад, при тој вселенски феномен околу нашиот природен сателит, никогаш не дошло до промени од библиски размери.

Затоа, познавачите препорачуваат- не ги откажувајте плановите за викендот.

Поцрвенувањето на Месечината утре својата кулминација ќе ја достигне во 20:22 часот по Гринич, односно 22:22 часот по македонско време.