Утре вечер базар и кино под отворено во скопскиот Градски парк - добредојдени се и миленици

ЈП ЛАЈКА и ЗОО - Скопје со поддршка на Град Скопје утре во Градски парк го организираат завршниот настан за кампањата “Нашите миленици се наше семејство, не ги напуштајте!”.

Почетокот е од 19:00 часот, а ова е програмата: 

19:00 – Отворање на настанот - Весна Петрушевска.

19:15 - 20:30 - Базар од хуманитарен карактер за кучињата згрижени во прифатилиштето на ЈП ЛАЈКА и едукативна панел дискусија.

20:00 – Обраќање на режисерот на филмот „СТЕЛА”, Стојан Вујичиќ, кој ќе ја отвори кино проекцијата заедно со кучето Стела, шарпланинката која е главен лик во истоимениот македонски филм.

20:30 – 22:00 – ЛЕТНО КИНО ПОД ОТВОРЕНО НЕБО (кај Школка)

Кино проекција на македонскиот филм “СТЕЛА” (2020 година)

Главни улоги: Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески и Христина Поповиќ.

22:00 – Презентација на видео со македонски познати ѕвезди за кампањата “МИЛЕНИЦИТЕ СЕ НАШЕ СЕМЕЈСТВО, НЕ ГИ НАПУШТАЈТЕ!

За отвореното кино посетителите ќе можат да уживаат во филмот “СТЕЛА” заедно со своите миленици. Посетителите е потребно да си донесат престилки или ќебенца за седење.

-Воедно сакаме да ги информираме граѓаните дека зелената површина која ќе биде наменета за седење и следење на филмот, ќе биде третирана против болви и крлежи, па посетителите безгрижно ќе можат да уживаат со своите миленици, порачаа организаторите.