Утре свечено ќе биде отворена новата зграда на општина Карпош

Утре, 10 септември (среда), со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи свеченото отворање на новата зграда на општина Карпош. 

- По завршувањето на приклучоците од страна на ЕВН КЕЦ Ѓорче Петров, новата зграда на општина Карпош конечно е осветлена. Во тек е и финалното поврзување на телекомуникациските и интернет системи, со што ќе се заокружи процесот на комплетно функционализирање на објектот, велат од локалната самоуправа. 

Додаваат дека, овој модерен и енергетски ефикасен објект претставува едно од најзначајните вложувања во локалната самоуправа, изграден за граѓаните на Карпош и во согласност со нивниот однос кон својата општина.

Општина Карпош продолжува со инвестиции во инфраструктура и квалитетни јавни објекти – затоа што граѓаните заслужуваат современи услови и достоинствено домување, потенцираат од општина Карпош.