Утре спектакал на Стадионот на АРМ - Каролина со голем концерт

Нашата голема музичка ѕвезда, неповторливата Каролина Гочева, утре со голем концерт под отворено небо во Скопје. 

На 1. јули на Стадионот на АРМ во Скопје Каролина заедно со фановите ќе ги пее песните кои ја одбележаа нејзината музичка кариера и кои секој нејзин фан ги знае напамет.

-Со задоволство ве поканувам на дружба под отворено небо, заедно да ги испееме песните кои oдбележаа еден цел милениум на спомени и моменти од мојот живот, а се надевам и од вашите...Ајде да летаме низ времеплов од спомени и емоции, заедно да се потсетиме на оние времиња на кои сите со насмевка се навраќаме, напиша Каролина на својот Инстаграм профил.  

-Се надевам дека ќе имаме една незаборавна вечер исполнета со многу љубов - но без облаци и дека после се’, заслужено ќе се опуштиме…. Иии… ќе биде се’ во ред!, стои во објавата на Каролина.