
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре најавија сончево време со максимална дневна температура до 26 степени Целзиусови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје, времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.
Под влијание на поле со висок воздушен притисок, ќе следува период на стабилно време. Утрата ќе бидат ведри и студени со ниски температури кои наместа ќе се спуштат под нула степени, а во текот на денот времето ќе биде сончево и релативно топло.
