Утре сончево и топло, во недела пад на температурите и дожд

Во сабота ќе се задржи сончево и многу топло време, попладне на места со зголемена облачност. Во недела ќе дува засилен североисточен ветер што ќе предизвика благо опаѓање на дневната температура.

Од недела во попладневните и вечерните часови, според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе има и развој на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. с