Утре се слави во чест на светиот апостол и евангелист Марко

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) утре е 25 април, ден во чест на Светиот апостол и евангелист Марко. Именден празнуваат сите кои го носат името Марко.

Светиот апостол и евангелист Марко е христијански апостол и светец, сопатник и помошник на Апостол Петар, којшто во своето Прво послание го нарекува син свој, не син по тело туку по дух. Така го напиша Светото Евангелие, коешто го виде и го посведочи за вистинито и самиот апостол Петар. Тој го постави Марко за епископ и го испрати на проповед во Мисир.

Така тој беше првиот проповедник на Евангелието и првиот епископ во Мисир. Мисир беше сиот притиснат од густиот мрак на незнабоштвото, гатањето и злобата. Со Божја помош Свети Марко успеа да го посее семето на Христовата наука низ Ливија, Амоникија и Пентапол.

Неговиот спомен се празнува на 8 мај/ 25 април и не се смета за тежок празник.