Утре се одржува традиционалната Евровизиска забава во Скопје

Во организација на евровизискиот фан клуб ОГАЕ Македонија, утревечер со почеток во 21:00 традиционално ќе се одржи Евровизиска забава за испраќање на македонската делегација и евровизиската претставничка Андреа во Торино.

На забавата во пресрет на евровизискиот натпревар, посетителите ќе уживаат во најголемите евровизиски хитови, победничките песни од изминатите години, како и песните на досегашните македонски претставници.

Настанот ќе се одржи во Нано Бар во Дебар Маало, а влезот за сите евровизиски фанови е бесплатен.