Утре промоција на играно-документарниот филм „Ти си Алеф“ со Игор Џамбазов

На 22 јануари, вторник, во 20 часот во Македонската опера и балет во Скопје ќе се одржи промоција на играно-документарниот филм „ти си Алеф“ на Соња Ризоска Јовановска.

„Ти си Алеф“ е играно – документарен филм за неуморниот патник кој тргнал кон патот на вистината, правдата, светлината, љубовта. Приказна за една неверојатна потрага по духовното обновување и средбата со највозвишеното, транцеденталното, сите допири со вечноста сфатена како скаменета сегашност, за човекот како микрокосмос, за лавиринтот на посебната форма за да се пронајде совршениот став за смислаата на постоењето во секојдневниот живот, за да се продолжи понатаму…

Улогата на Алеф ја толкува Игор Џамбазов.

Вечерта ќе се одржи и концерт на Абаз Јахја (изведба на бендир неј) и Ајдин Јахја (изведба на неј), ликовна изложба „Тајната на животот е да се падне седум пати и да се стане и осмиот пат“ на Живко Поповски – Цветин како и изложба на фотографии „Од пепелта до вистината со Алеф”.