Утре привремен сообраќаен режим на дел од булеварот Христијан Тодоровски Карпош

Градот Скопје ги известува граѓаните дека од утре (20.03.2019 година, среда) од 7 часот целосно ќе биде затворен за сообраќај делот од булеварот Христијан Тодоровски Карпош на потегот од улицата Ферид Бајрам до улицата Боца Иванова, поради изведување градежни активности за асфалтирање на коловозот.

Сообраќајот на оваа делница додека траат градежните активности ќе го регулираат и униформирани полициски службеници или други овластени службени лица.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот сообраќаен режим, да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.