
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре најави ведро и постудено утро, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.
Минималните температури ќе бидат во интервал од 1 до 12 степени, додека максималните ќе се движат од 18 до 25 степени Целзиусови.
Под влијание на циклонска активност во петок попладне и во текот на ноќта кон сабота ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 30 литри на метар квадратен), по што ќе следува период на стабилно време со пониски утрински температури.