Утре прекин на струјата во Сарај и повеќе делови од Центар

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, ги известува граѓаните дека:

Заради  технички зафати во дистрибутивната електро мрежа,  без електрична енергија ќе останат следните корисници: 

На ден 23.07.2021 година (петок) без електрична енергија ќе останат: 

  • во периодот од 09.00 до 10.00 часот, корисниците од дел улицата Ацо Караманов броевите: 16 и 20 (општина Центар);

  • во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од дел на улиците: Лазар Личеновски, Скупи, Самоилова, бул. Никола Карев и други околни улици. (општина Центар);

  • во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Крушопек, објектите околу базенот „Сарај“ и општината Сарај. (општина Сарај)