Утре пред Владата свечено ќе биде подигнато знамето на НАТО

На свечена церемонија утре ќе биде подигнато знамето на НАТО пред Владата на Република Македонија, која наскоро ќе го носи името Република Северна Македонија.

На свеченоста по овој повод, како што е најавено од владината прес-служба, ќе се обрати претседателот на Владата, Зоран Заев.

Од зградата на Владата веќе е отстранет натписот Влада на Република Македонија. Се очекува наскоро да биде поставен новиот натпис Влада на Република Северна Македонија.