Какво време ќе имаме во претстојните денови?
Според прогнозите на УХРМ утре ќе има повремен дожд претежно во јужните делови од земјата. Потоа ќе преовладува променливо облачно и не многу студено време со сончеви периоди. Ќе има појава на утринска магла или ниска облачност по котлините каде што повремено ќе има и пониска дневна температура.
Кон крајот на работната недела утринските температури ќе бидат за неколку степени пониски.