Утре посебен сообраќаен режим во Скопје

На 18.05.2022 (среда) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе пристигне Премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.