За утре е најавен посебен сообраќаен режим по повод одржувањето на третата ИПА мото-средба на мотоциклисти.

„По дефилето на учесниците на мото-средбата во периодот 0д 8:45 до 9:15 часот, и краткотрајното задржување и фотографирање пред Порта Македонија, учесниците во 9:45 часот ќе тргнат од Порта Македонија кон Крушево, а учесниците ќе се движат по сообраќајниците: по ул.11 Октомври, лево по бул.. Кочо Рацин, десно бул.Гоце Делчев, лево ул.Беласица, десно по бул.Александар Македонски кон автопат „Пријателство“, соопшти МВР. Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат мотоциклистите.

Мото-средбата е во организација на Меѓународното полициско здружение ИПА Оддел Македонија и Мото-клуб ИПА Македонија.