Според прогнозата на УХРМ денеска имаме променливо облачно и релативно топло со слаб локален дожд.
Ќе дува умерен, а во источните делови и во Пелагонија засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, особено во јужните делови каде што ќе имаат пороен карактер. Потоа до среда времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со умерен ветер од јужен правец. Во среда кон крајот на денот и во четврток се очекуваат нови врнежи од дожд.