
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавија дека времето утре претпладне ќе биде сончево и многу топло, а во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град.
Исто така, од УХМР за утре објавија и метео аларм за високи температури на територијата на целата држава и карта која е обоена во портокалово.

Максималните дневни температури ќе се движат од 30 до 36 степени Целзиусови.
Задутре претпладне ќе биде сончево и многу топло, а во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град.
До почетокот на следната седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во четврток и петок ќе дува засилен до силен ветер, претежно од северен правец.
