Утре почнува работната недела - Попладнево очекувајте метеж на патиштата

По продолжениот празничен викенд, денеска се очекува зголемена гужва на патиштата и граничните премини, со оглед дека од утре почнува работната недела. 

Утрово, како што информираа надлежните, поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање на граничниот премин ГП Табановце за влез во земјата е околу 1 час, на ГП Богородица за излез од земјата околу 1 час, а на ГП Дојран за излез од земјата околу 1 час. 

Се очекува во попладневните и вечерните часови да има поголем метеж за влез во државата на граничните премини од соседна Грција, но и на патиштата кои водат до и од туристичките места. 

До крајот на месецов има уште еден продолжен викенд, но не за сите. 

За православните верници следен неработен ден ќе биде 28 август (петок) кога се слави Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). И тогаш ќе има сподени три неработни денови.