Утре во Кинотека на Македонија почнува циклусот на современ перуански филм со проекцијата на „Кралици“ (2024), драма во режија на Клаудија Рејнике и Диего Вега, која го отвора погледот кон женските приказни и општествени предизвици во денешно Перу. Организатори на оваа манифестација се Амбасадата на Република Перу, почесниот Конзулат на Перу во Македонија и Кинотеката.
Неделата на перуанскиот филм продолжува на 20 јуни со прикажувањето на филмот „Мисион Кипи“ (2024) на режисерката Сонали Туеста – трогателен и инспиративен филм кој ги спојува традицијата и современоста.
Циклусот завршува во сабота, 21 јуни, со „Вкусно сушено овошје“ (2017) на Ана Каридад Санчез – филм што балансира меѓу фикција и документарен пристап, претставувајќи емотивна приказна за идентитетот и културното наследство.