Утре почесна стрелба на АРМ

Утре со почеток во 19.05 часот, по повод 18-ти Август – Денот на Армијата, од касарната ,,Илинден“ во Скопје, ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од артилериски орудија, од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата.

Претходно, во периодот од 15 до 18 часот ќе се изврши пробна артилериска стрелба со еден истрел од 6 артилериски орудија.