Утре „Плати со поезија“ на осум локации во Скопје

Годинашната акција “Плати со поезија“ на брендот “Јулиус Мајнл“, по повод Светскиот ден на поезијата – 21 Март, ќе се одржува на осум локации во Скопје.

Кампањата во која секој што ќе напише стихови за возврат добива кафе, годинава ќе се реализира во 40 земји. Оваа година сите што ќе напишат песна или поема влегуваат во меѓународната наградна игра на Јулиус Мајнл, а шест лица од цел свет ќе може да се запознаат со Том Одел на неговиот концерт во Глазгов на 1 јуни.

“Се што треба да се направи е да се напише поемата или песната, да се сликне и да се постира на Инстаграм со хаштагот #PayWithaPoem”, наведува организаторот.

Осумте угостителски локали во Скопје во кои може да се плати кафе со поезија се: Ревија, Паладиум, Фонтана, Дион, Центар-бар, Бекјард, Ла кафе и Сквер 21. Во нив постои можност за средба со млади македонски поети и писатели кои ќе им помогнат на стихотворците да ја пронајдат, “внатрешната инспирација заедно со Јулиус Мајнл“.

air max 90 essential sale