Утре оваа улица од Центар ќе биде без вода

Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 11.05.2021 година ( вторник ) поради дефект на огрлица од ф – 80 мм на ул. Борка Талевски бр.13, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од:

– ул. Борка Талевски на потегот од ул. Аминта Трети до ул. Рајко Жинзифов. ( општина Центар )