Утре од 8 до 10 часот нема да функционира телефонскиот број 192, скопјани можат да го користат 112

СВР Скопје ги информира граѓаните на Скопје дека утре во периодот од 8 до 10 часот телефонскиот број 192 нема да биде во функција од технички причини.

Во наведениот период, како што посочуваат од МВР, граѓаните можат да го користат бесплатниот телефонскиот број 112 и на него да пријавуваат настани.