Утре од 10 часот без вода една скопска улица

Од скопски Водовод известија дека утре (среда) на ул. Никола Парапунов бр.5 ќе се врши промена на вентил од ф 2“ поради што со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул. Никола Парапунов.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување на работните активности.