Утре неработен ден - набрзо уште еден, следат и продолжени викенди

Оваа пролет ќе имаме многу неработни денови во кои ќе можеме да уживаме. Првиот таков е 1. мај - Ден на трудот, кој паѓа во вторник оваа недела.

Следниот неработен ден е Денот на словенските просветители „Св. Крили и Методи“, односно 24. мај кој паѓа во четврток. Овој ден се спојува со петокот кој исто така е неработен ден, бидејќи го празнуваме празникот Духовден. Овие два дена се спојуваат со викендот, па така добиваме цели 4 денови за одмор.

Ова се сите неработни денови кои преостануваат до крајот на годината:

• 01 мај (вторник), Ден на трудот,
• 24 мај (четврток) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители
• 15 јуни (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
• 02 август (четврток), Ден на Републиката
• 8 септември (сабота), Ден на независноста

• 11 октомври (четврток), Ден на народното востание,
• 23 октомври (вторник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
• 8 декември (сабота), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед

• 06 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
• 25 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден
• 28 август (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

• 02 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
• 01 ноември (четврток), Празникот на сите светци
• 25 декември (вторник), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 21 август (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (четврток), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

• 27 јануари (сабота), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

• 08 април (недела), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

• 23 мај (среда), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 19 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (петок), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик