ЈЗУ Универзитетската клиника за психијатрија-Скопје утре во центарот на главниот гард ќе го одбележи Светскиот ден на менталното здравје 2024!
Собирот е закажан за утре, 10 октомври, со почеток во 10:00 часот на плоштад Македонија.
- ЈЗУ Универзитетската клиника за психијатрија - Скопје го организира овој јавен собир со цел да ја подигнеме јавната свест за важноста на менталното здравје, особено во работната средина, каде поминуваме голем дел од нашиот живот. Темата на овогодишниот Светски ден на менталното здравје е: „Време е да се приоритизира менталното здравје на работното место“, велат органзиаторите.
- Работното место не само што влијае на нашата продуктивност, туку е тесно поврзано и со нашето ментално здравје и благосостојба. Затоа, преку јавен дијалог и едукација, можеме да поттикнеме креирање на безбедни, поддржувачки и здрави работни средини, каде што секој ќе се чувствува вреднуван и поддржан. Грижата за менталното здравје е наша заедничка работа! - велат од ЈЗУ Универзитетската клиника за психијатрија-Скопје.