Утре мобилни шалтери на УЈП во Општина Илинден

Со цел да им се излезе во пресрет на барањата на граѓаните на 18 декември (вторник) и 26 декември (среда) до општинската зграда ќе биде отворен мобилен шалтер на Управата за јавни приходи.

Во периодот од 10:00 до 14:00 часот граѓаните ќе можат да се регистрираат за новиот концепт на годишна даночна пријава што ќе почне да се применува од 1 јануари идната година.

Граѓаните имаат обврска до крајот на годината да се регистрираат во системот е-персонален данок, со цел Управата за јавни приходи да може да ја достави пополнетата годишна даночна пријава на увид на граѓаните.