Утре Маџари без вода

Утре поради реконструкција на водоводна мрежа од Ф-350 мм на улицата 840 бб (Кванташки пазар) во населбата Маџари, без вода од 9 часот ќе бидaт граѓаните кои живеат на улиците „Перо Наков“, „Димче Милошевски“, „Боривое Милошевски“, „Зендел Џемаили“. Прекинот ќе биде до завршување на интервенцијата, соопшти ЈП Водовод и канализација - Скопје.