Утре ќе нема вода во две општини во Скопје

ЈП Водовод и канализација ги известува граѓаните дека на ден 14.10.2021 година (четврток):

-Поради менување на водоводен вентил во шахта на Никола Русински бр. 12, од 09:30 часот до завршување на интервенцијата,  прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. (Општина Карпош)

-Поради  појавен уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-80мм на ул.Тиквешка бб, од 17:00 часот водата е затворена и  прекинато водоснабдување  имаат корисниците од  дел од истата улица. На отстранување на дефектот  ќе се работи во текот на претпладневните часови  на 14.10.2021 г. (Општина  Шуто Оризари)