Утре ќе нема струја во поголем дел од центарот на Скопје

Од ЕВН известуваа  дека  на ден 23.01.2022 година (недела), поради закажани технички зафати во системот, без електрична енергија ќе останат: 

-во време од 09:00–11:00 часот корисниците на спомен куќа на Мајка Тереза и сивенирницата, дел од ул.Македонија од рекорд кај Choko world до Пеко блокови спроти црква Константи и Елена и спроти спомен куќа Мајка Тереза, дел од ул.Димитрие Чуповски зграда бр.5 и 7, дел од ул.Македонија сите стопански и нестпански објекти во зградите бр.35,37,39, сендвичара ТЕТЕКС, Фибула, Гнездо како и кафичи во тој поте, дел од ул.Македонија сите стопански и нестпански објекти во зградите бр.25 и Хотел Турист, дел од ул.Македонија сите стопански и нестпански објекти (МАКОШПЕД) (општина Центар)

-во време од 08:00 – 11:00 часот, сите стопански и нестопански објекти на дел од Плоштад Македонија кои се напојуваат од ТС Елза 2 сместена во зградата на ЕЛЕМ, Зградата над ресторан Пелистер, Сите стопански и нестопански објекти на дел од Плоштад Македонија на потегот од зградата кај Пелистер, ЕЛЕМ и ТЦ АМБАР, Стара зграда на ЕЛЕМ, ресторан Пелистер, ТЦ Амбар (општина Центар)