Утре ќе бидат доделени државните награди „8 Септември“ за остварувања во спортот за 2026 година

Министерството за спорт утре со почеток во 12.00 часот, на пригодна свеченост во Собранието на Република Македонија, ќе ги додели Државните награди „8 Септември“ за остварувања во спортот за 2026 година, согласно одлуката на Одборот за доделување на наградите.

Оваа година по 14 пат се доделуваат четири државни награди со кои се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот како и наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Македонија на меѓународен план.

Од Министерството за спорт посочуваат дека на објавениот Конурс во 2026 година, аплицирале 9 кандидати за доделување на државната награда, а 6 кандидати за наградата за животно дело, која има траен карактер.

„Постапката околу изборот на апликантите се спроведува согласно одредбите од Правилникот за работа на Одборот за доделување на државната награда. Одборот го сочинуваат 13 лица, во чиј состав се еминентни и истакнати спортски работници и професори од областа на спортот“, посочија оттаму.