Утре истекува рокот за пријавување првачиња за еднократна парична помош од 3.500 денари во Аеродром

Рокот за пријавување првачиња за еднократна парична помош од 3.500 денари што им ги доделува Општина Аеродром на првоодделенчињата запишани во основните училишта на нејзината територија истекува утре на 15 септември.

Со цел родителите да можат да го искористат своето право на овој паричен надоместок, Одделението за образование при Општина Аеродром ќе работи и в сабота од 8:00 до 16:00 часот во канцеларија број 19.

Во прилог на барањето треба да се донесат на увид лична карта на еден родител, потврда за упис на првачето, извод на родени и трансакциска сметка.