Утре и задутре времен сообраќаен режим на улица „Тодор Александров“

ЈП „Улици и патишта“, Скопје, со известување за време сообраќаен режим, за утре (среда) и задутре (четврток).

-Ве известуваме дека на ден 7.12.2022г./среда/ и ден 8.122022г./четврток/ од 8.00ч. до 12:00часот екипи на ЈП Улици и патишта Скопје ќе ја  асфалтираат улицата „Тодор Алексадров“ и поради изведба на градежните активности ќе биде воведен времен сообраќаен режим на двете коловозни ленти и обележана со соодветна сигнализација. Во среда ќе бидат затворени коловозните ленти на потегот од ИЗИИС до Турската Амбасада, а во четврток на потегот од Турската Амбасада до кривната кај МВР.  Апелираме до граѓаните за трпеливост во сообраќајот до завршување на градежните активности со цел побезбедно и непречено движење со новата асфалтирана површина на улицата - соопштуваат од претпријатието.