Утре и задутре симулациска вежба на полицијата на Охридскиот аеродром

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните, дека утре со почеток од 15:00 часот и задутре со почеток од 13:30 часот на меѓународниот аеродром „Свети Апостол Павле“ во Охрид ќе се одржи симулациска вежба.

Целта на вежбата е проверка на подготвеноста, координацијата и ефикасноста на надлежните институции во услови на кризни и вонредни ситуации.

Во рамките на вежбата ќе има зголемен број полициски службеници и возила и ќе се слушаат звуци на користење на огнено оружје.