Утре и задутре посебен сообраќаен режим на „Александар Урдаревски“

Јавното претпријатие „ Улици и патишта“ ги известува граѓаните дека поради изведба на градежни активности за асфалтирање на коловозот на улицата „Александар Урдаревски“, во општина Бутел, на потегот од крстосницата кај населено место Кучевишка бара кон обиколница во должина од 300 метри, утре и в четврток ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим.

-Времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а асфалтирањето ќе се одвива денеска од 8 часот наутро до 14 часот попладне во едната насока и утре, во истиот временски период на другата спротивна насока, информираат од претпријатието.

Од „Улици и патишта“ апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни.