Утре и задутре планирани прекини на струја во делови од Петровец и Карпош

Дел од корисниците во Петровец и Карпош утре и задутре ќе останат без електрична енергија поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа.

Во понеделник, 5 октомври, без струја од 08:00 до 15:00 часот ќе останат корисници во индустриската зона Ќојлија, на подрачјето на Општина Петровец.

Прекинот е најавен поради пуштање во употреба на нова трафостаница „Топбилд Ќојлија“ и обезбедување врска од ТС „Индустриска зона Ќојлија“ до ТС „Супорт Солушн“. Без напојување во овој период ќе остане „Супорт Солушнс – Ќојлија“.

Во вторник, 6 октомври, планиран прекин ќе има и во Карпош.

Од 08:40 до 13:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на улиците „Миладин Поповиќ“, „Драган Ѓаконовски – Шпато“ и „Беджих Сметана“.

Прекините се планирани и ќе траат во рамките на најавените термини.