Утре и задутре бесплатно паркирање во Центар

На 20 и 21 април, граѓаните ќе имаат можност да паркираат без надомест на сите паркинг локации со кои управува ЈП Паркинзи на Општина Центар. Исклучок од оваа одлука се затворените паркиралишта Дилајла и Трготекстил, се наведува во известувањето од ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Имајќи предвид дека сабота е работeн ден, од ЈП ПОЦ информираат дека паркиралиштата со кои управуваат ќе работат со стандардно работно време.

“Согласно програмата за неработни денови за 2025 година, сабота е работен ден и следствено на тоа паркиралиштата со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе работат со вообичаено работно време.”, се вели во соопштението на ПОЦ.

Депото на “Пајак” службата на ЈП ПОЦ ќе функционира 24 часа на ден, 7 дена во неделата за време на празниците, стои во соопштението на ЈП ПОЦ. Вообичаеното наплаќање за паркирање на паркиралиштата и издавањето на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 22 април 2025 година со нормално работно време.