Утре голема акција за чистење на Лисиче

Комуналните служби на Општина Аеродром утре започнуваат акција за чистење на реоните населба Лисиче, Ново Лисиче, Реонски центар и булевар „Февруарски поход“. Во акцијата ќе биде вклучена целата расположлива механизација на општината: 50 работници, 9 рачни машини за чистење и дезинфекција на јавни површини, 2 возила за метење, 2 камиона, 3 ѓубретарки и механизација за чистење депонии.

Во акцијата ќе биде опфатено чистење на комуналниот отпад од јавните површини, метење, стругање и собирање лисја и гранки од плочниците, патеките, паркинзите и парковите, како и расчистување на дивите депонии.

Во акцијата ќе бидат вклучени и новите машини за чистење во рамките на  новата реорганизација на комуналната служба, како и новиот оперативен план за чистење на општината.

Ваквите акции за чистење ќе продолжат и во наредниот период на целата територија на општината.  

Општина Аеродром апелира до граѓаните совесно да се однесуваат со отпадот во услови на пандемија и зголемено загадување.