Утре е Велики Четврток - подгответе се за боење на првите три јајца

Денеска е Велика среда, средината на страдалната недела - деновите кои го најавуваат големиот празник. 

Од големо значење е Велики четврток, денот во кој се бојосуваат три црвени јајца, рано пред зори. 

Првото јајце, божјаче, откако ке се бојадиса се остава да го „фатат“ првите зраци од сонцето, а потоа се будат децата и со него на лицето им се прави „Црвено-бело“. Божјарчето се чува цела година, до наредниот Велики четврток и само ова јајце не се расипува во текот на годината.

Црвената боја на јајцата ја симболизира крвата на Исус пролеана на крстот каде што бил распнат. Трите јајца кои се фарбаат на Велики четврток се црвени, но останатите може да бидат со најразлични бои и декорации. 

Речиси секој крај во Македонија негува различна традиција во врска со овие три јајца, така што ништо не е погрешно кога е во прашање почитта кон празникот, сè додека сме чисти и искрени во намерата за поздравување на Христовото воскресение и почитта кон неговото страдање.