Утре е Огнена Марија – не работете ништо, а ако морате чувајте се од оган и громови

Православните верници на 30 јули го одбележуваат празникот на света великомаченичка Марина, во народот познат како Огнена Марија, која се почитува како борец за христијанската вера и заштитничка на жените.

Според народното верување, Света Марина пали и казнува со огин и како и Свети Илија кој казнува со гром, спаѓа во огнени светци.

Обичај е да на овој празник, кога поради големата жештина гори и небото и земјата, ништо да не се работи.
Во преданијата има примери за оган и  громови кои во врелите празнични денови го палеле житото, сеното и домовите на луѓето  кои работеле на овој празник.