
Денес е голем ден за македонскиот главен град! Скопје го одбележува 13. Ноември, Денот на ослободување на градот.
Пред 81 година, на 13. ноември 1944 година Скопје ја дочека слободата. Борците од 42-та и 50-та Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та Македонска бригада тој ден го ослободија Скопје од фашистичката окупација.
Денот на ослободувањето на Скопје, 13 Ноември, е врежан во спомените на борците, кои ја пренесуваат радоста и гордоста и денес.
Победата над непријателот во далечната 1944 година била дочекана со солзи радосници и цвеќе за ослободителите. Партизаните победоносно, на коњи, парадирале низ центарот на градот.
Скопје, денес е административно слободен, но духовно и креативно, град кој уште многу треба да се ослободува и развива!
Од Град Скопје ја соопштија агендата за одбележувањето!
