Утре целосно затворен патот од Добри Дол кон Марков Манастир поради асфалтирање

Патниот правец од населеното место Добри Дол кон Марков Манастир утре, 5 октомври, ќе биде целосно затворен за сообраќај поради изведување градежни активности.

Како што информира градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски, на дел од патниот правец ќе се врши асфалтирање, поради што сообраќајот ќе биде прекинат во периодот од 09:00 до 16:00 часот.

Граѓаните и останатите учесници во сообраќајот се повикуваат во наведениот период да го избегнуваат овој правец и да користат алтернативни сообраќајници.

„Продолжуваме посветено со реализација на проектите за подобрување на патната инфраструктура во Општина Сопиште, со цел да обезбедиме поквалитетни и побезбедни услови за сите наши сограѓани“, наведе Мицевски.

Асфалтирањето е најавено за утре, а според информацијата, целосната забрана за сообраќај ќе трае седум часа, од 09:00 до 16:00 часот.