Утре без вода жителите на една улица во Центар

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека утре (вторник), поради дефект на приклучна цевка ф-2“ на ул. Црвена Вода 11, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од истата улица.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со санација на дефектот. (о. Центар)