Утре без вода овие делови од Скопје

Од ЈП Водоводи и канализација-Скопје известуваат дека утре ќе има прекин во водоснабдувањето на две локации во Скопје:

Поради уличен дефект ф-80 мм на Киро Крстевски Платник / Рајко Жинзифов, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Киро Крстевски Платник, Рајко Жинзифов и Шумадиска. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот. 

Поради дефект на затворач ф-300 мм на бул. Србија (во близина на мостот Близнаци), водоснабдувањето ќе биде со намален притисок на дел од бул. Србија, бул. АСНОМ и бул. Јане Сандански. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.