Утре без вода неколку скопски улици

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје информираат дека утре (среда) поради водоводен приклучок од ф 200мм на ул.Иван Козаров бр 51, без вода ке останат корисниците од следните улици: Иван Козаров, Боте Ботевски, Дичо Петров, Божидар Аџија, дел од ул.Георги Димитров и дел од ул Вера Јоциќ.

Водоснабдувањето ке биде прекинато од 08:00 часот до завршување на интервенцијата.