Утре без вода населбата Драчево

Mал прекин со водоснабдување утре од 9 часот и задутре ќе имаат корисниците во населбата Драчево во општина Кисела Вода.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје можниот прекин со водоснабдување е поради чистење и хлорирање на левата комора од резервоар Драчево, а ќе трае се до завршување на работите.