Утре без вода ќе останат неколку улици во Центар и Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје  по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација ги известува граѓаните дека поради промена на вентил во шахта ф 2“ на улица Иван Аговски бр.1а, прекинато водоснабдување ќе имат корисниците од улиците:  Иван Аговски, Руѓер Бошковиќ и Гиго Михајловски во општината Карпош.  

Исто така поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Раде Јовчевски Корчагин 15, со прекинато водоснабдување утре ќе бидат корисниците од населбата Маџир Маало во општина Центар.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување со санација на дефектот.